Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 5,153 %, кај дизелот 2,830 %, кај екстра-лесното масло 3,424 % и кај мазутот 0,596 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,334 %.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, „дизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 2,00 денара/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,062 денари/кг и изнесува 40,655 денари/кг.
Од 4.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,00 (денар/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,50 (денар/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 40,655 (денари/килограм)